DocuSign Discounted

  • Количина: Организациите може да побараат пет Standard Edition производи и пет Business Pro Edition производи по фискална година (1 јули до 30 јуни).
  • Буџет: Организациите со годишен оперативен буџет од 1 милион УСД или помалку се квалификуваат за производи во оваа програма.
  • Видови на организации: Следните видови на организации не се квалификувани да побараат производи во оваа програма.
    • Законодавни или политички активни организации
    • Организации за застапување
    • Организации во кои вработените имаат акционерски удел
    • Подружници на United Way
  • Постоечки потрошувачи: Организации кои веќе се претплатени на DocuSign не се квалификуваат за производи во оваа програма освен ако претплатата била обезбедена преку techsoup.
  • Услови за користење: Организациите кои ќе ги побараат производите на DocuSign мора да се согласат со важечките услови за користење.
  • Политика за антидискриминација: Организациите кои се заземаат за, поддржуваат или практицираат дискриминација врз основа на возраст, етничка припадност, пол, национално потекло, инвалидитет, раса, големина, религија, сексуална ориентација или општествено-економско потекло не се квалификуваат за учество во оваа програма. Организациите мора да бидат согласни и способни да докажат дека не вршат дискриминација на ниту една од овие основи за да можат да ги добијат производите од оваа програма.
  • Студија на случај: Организациите примачи мора да бидат согласни и способни да обезбедат информации за DocuSign со цел да се креира студија на случај или потврда на оваа програма.
  • Дистрибуција на производот:
    • Производите од оваа програма ќе се дистрибуираат само до квалификувани организации, не до индивидуални лица.
    • Организациите примачи не можат да извршат трансфер или да ги препродаваат производите на DocuSign.