Eligibility Guidelines for the Microsoft Discount and Microsoft Cloud Programs

Restrictions: 
  • Количина:
    • Организациите можат да побараат неограничен број производи на попуст и понуди за облак од Мајкрософт.
    • Барањата што организацијата ги поднесува за производи со попуст мора да вклучува најмалку пет лиценци. Петте лиценци можат да бидат за ист производ или комбинација на различни производи. Овој услов не важи за одредени производи.
  • Буџет: Организации со годишни оперативни буџети од која било големина се подобни за производи во оваа програма.
  • Само за непрофитни организации:
    • Мајкрософт бара од организациите што поднесуваат барање за производи со попуст да се регистрираат на порталот за непрофитни организации и да испратат сертификат за валидација на подобноста за попусти на софтвер на Мајкрософт до TechSoup.
    • Мајкрософт го задржува правото да го одобри или одбие барањето на која било организација, во кое било време и поради која било причина.
  • Подобни организации: Само непрофитни организации чии мисии се од корист за локалната заедница, имаат право на производи со попуст и понуди за облак од Мајкрософт. Ова може да вклучува организации со следниве мисии:
    • Обезбедување помош за сиромашните
    • Унапредување на образованието
    • Подобрување на социјалната благосостојба
    • Зачувување на културата
    • Зачувување и обнова на животната средина
    • Унапредување на човековите права
    • Воспоставување на граѓанско општество
  • Неподобни организации: Не се сите подобни за производи на попуст и понуди за облак од Мајкрософт. Неподобни организации се следниве:
    • Владини организации или агенции.
    • Образовни институции, вклучувајќи основни и средни училишта, колеџи, универзитети и стручни училишта.
    • Библиотеки.
    • Здравствени организации, вклучувајќи ги болниците, здравствените мрежи, здравствените планови, амбулантските здравствени услуги, домашната здравствена заштита и организациите за здравствена помош на лица со инвалидитети, здравствените истражувачки организации и лабораториите. Исклучоци се независни непрофитни организации со следниве мисии: здравствени клиники во заедницата, бихевиорални клиники и клиники за жени; служби за итни случаи; и банки за крв, ткиво и органи
    • Професионални трговски здруженија.
    • Професионални и полупрофесионални спортски организации.
    • Политички, трудови и братски организации.
    • Обновувачите што ќе го инсталираат софтверот на обновени компјутери што ќе бидат дистрибуирани или донирани на непрофитни или училишта. Посетете јарегистрирана програма за обновување.
    • Приватни установи, вклучувајќи приватни библиотеки, училишни библиотеки, специјализирани библиотеки, библиотеки на вооружени сили и библиотеки во владини агенции.
  • Услови за користење на услугата:Организациите што поднесуваат барање за производи на Мајкософт мора да се согласат со сите важечки услови за користење на услугата.
  • Измени и дополнувања: Мајкрософт го задржува правото да ги измени или дополни овие упатства за подобност во секое време без најава.
  • Политика против дискриминација: Мајкрософт ги цени и ги почитува индивидуалните и културните разлики и е посветена на обезбедување на инклузивно опкружување кое е добредојдено и ослободено од дискриминација. Затоа, организациите немаат право да учествуваат во оваа програма доколку имаат политика или мисија на дискриминација при вработување, компензација, промоција, престанок на работен однос, пензија, обука, програми, и/или услуги засновани на раса, боја, пол, национално потекло, религија, возраст, инвалидитет, родов идентитет или изразување, брачен статус, бременост, сексуална ориентација, политичка припадност, членство во синдикат или статус на ветеран. Единствениот исклучок од оваа политика е за верските организации кои се ослободени од законите што забрануваат таква дискриминација.
  • Често поставувани прашања: За повеќе информации во врска со ресурсите на Мајкрософт за средства за непрофитни организации и подобност за програмата, посетете ја страницата за често поставувани прашања.
  • Дистрибуција на производи:
    • Производите ќе бидат дистрибуирани во рамките на оваа програма само на подобни организации и библиотеки, а не на поединци.
    • Производите се наменети само за користење на платени вработени во непрофитни организации и неплатени вработени со полно работно време кои имаат материјални дневни раководни, оперативни и доверителни одговорности и кои нема да ја користат лиценцата за генерирање лични приходи. Волонтерите, членовите и корисниците при непрофитните организации немаат право на лиценци и претплати за непрофитни организации
    • Организациите примачи не смеат да пренесуваат или препродаваат производи на Мајкрософт на други организации, вклучително и партнери од непрофитни организации или правно независни сестрински организации.
    • Производите на Мајкрософт не смеат да се инсталираат на компјутери што ќе им бидат дадени или продадени на други организации или поединци, дури и како дел од добротворна програма.