Програма на „Мајкрософт“ за добивање производи со попуст

За да ги добиете производите на „Мајкрософт“ со попуст прво треба да ја регистрирате Вашата организација порталот за непрофитни организации на „Мајкрософт“. Потоа, преку порталот, до „Тексуп“ ќе го испратите сертификатот со кој се валидира квалификуваноста на Вашата организација за добивање попусти. Сертификатот трае една година.

Сертификатот не е неопходен доколку поднесете барање за софтвер дониран од „Мајкрософт“ преку страницата на „Тексуп“.

Веќе сте регистрирани на порталот за непрофитни организации на „Мајкрософт“? Тогаш, прескокнете го вториот чекор.

Чекор еден: Регистрирајте се на порталот за непрофитни организации на „Мајкрософт“

1.      Посетете го порталот за непрофитни организации на „Мајкрософт“ и притиснете Get started. (Доколку сте вклучени преку мобилен телефон, опцијата Get started се наоѓа во менито)

2.      Следете ги инструкциите за да се регистрирате.

Во рок од 20 работни дена треба да добиете е-порака со информации за Вашата квалификуваност.

Чекор два: Испратете го Вашиот сертификат за квалификуваност до „Тексуп“

1.      Штом Вашата квалификуваност ќе биде потврдена, вратете се на порталот за непрофитни организации на „Мајкрософт“ и притиснете на Login (не Sign In) на врвот на страницата. (Доколку сте вклучени преку мобилен телефон, опцијата Login се наоѓа во менито)Може да биде потребно да обезбедите „Тексуп“ токен за валидација.

2.      Откако ќе се пријавите ќе го видите списокот со понудата на „Мајкрософт“ за непрофитни организации. Притиснете на On-premises software licensesза да пристапите до дополнителните содржини.

3.      Под насловот Software discounts, притиснете More, па Continue.

4.      Внесете ги следниве информации и вашата е-адреса и притиснете Send to partner штом завршите.

·         Име за контакт: TechSoup

·         Е-адреса за контакт: TSBA_Discounts@techsoup.org

Се појавува страница со одoбрување.

Потребни се 5 до 10 дена за „Тексуп“ да го процесуира Вашиот сертификат. Потоа ќе добиете е-порака од „Тексуп“ со инструкции како да ги преземете понудите кои сте ги побарале.

 

https://www.techsoupbalkans.org/bcs/microsoft-open-charity