Zoom Meetings Business Plan 10-License Bundle, 1-godišnja pretplata - pristup diskontiranim stopama

prod-zoom-logo_Re-cut_Re-sized.png
SKU: G-50710
Административен трошок: €170.00
SolutionDonor PartnerMediaPlatform



Опис: 

„Зум митингс бизнис план“ вклучува можност за видео и аудио конференции, едноставни онлајн состаноци и групно праќање пораки во една платформа. „Зум митингс“ работи и на мобилни и десктоп уреди и во конференциски сали опремени со соодветен хардвер. Еден состанок може да има еден домаќин и до 300 учесници. Сите учесници може да имаат вклучено камера. Опционалните додатоци се однесуваат на поголеми состаноци, , софтвер за поврзување соби и алатка за вебинари. Тие може да се додадат кога било за време на претплатената година.

Понудава овозможува пристап до попуст од 50 проценти на едногодишна претплата за нови претплатници за десет домаќини. Откако ќе го поднесете барањето за оваа понуда и ќе ја платите административната такса на „Тексуп“, ќе платите и $999.50 по домаќин на „Зум“ за претплатата на попуст. Може да додадете и повеќе домаќини, вкупно 49, по цена од 99.95 долари за секој посебно. Мора да ja плаќате административна такса на „Тексуп“ секоја година за да го задржите попустот од 50%. Додатоците исто така се со попуст од 50 проценти и за нив се плаќа дополнително на вкупната цена на планот за состаноци. Видете го делот Системски побарувања за повеќе информации.

Придобивки за организациите

Можете да го користите „Зум митингс“ за да

  • Поврзете локални членови и оние кои се на друга локација
  • Се состанувате со колеги, партнери, донатори, волонтери
  • Обучувате вработени или оние кои го користат

Главни функции

  • Брендирање: Може да поставите брендирани страници за состаноци, е-пораки и УРЛ-а.
  • Видео и аудио со висок квалитет: Видеото може да биде со резолуција до 720 пиксели.
  • Споделување екран: Секој учесник може да го сподели својот екран со групата. Домаќинот може да одбере дали ќе дозволи повеќе учесници да ги споделат своите екрани во исто време. Повеќе корисници може да пишуваат на споделените екрани.
  • СнимањеСостаноците може да се снимат во следниве формати: МП4 (видео), М4А (аудио) и текст (разговор). Може да се зачуваат локално или во облакот на „Зум“ со доплата доколку треба простор поголем од 1 гигабајт.
  • Закажување преку „Аутлук“ и „Хром“: Со бесплатните плагини може да закажувате состаноци директно преку „Аутлук календар“ или „Гугл календар“.
  • Опционални додатоци:
    • „Зум видео вебинарс“: До 50 панелисти со можност за поставување прашања со повеќе одговори, поставување и запознавање со контролите и друго
    • „Зум румс“: Софтвер за спроведување и водење состаноци преку „Зум“ во сали за конференции кои се опремени со комерцијално достапен хардвер.
    • „Зум H.323/SIP конектор“: Софтвер за спроведување состаноци преку „Зум“ во сали за конференции кои се опремени со хардвер според стандардите H.323 или SIP
    • Големи состаноци: Можност за до 500 учесници

Дознајте повеќе на веб-страницата на „Зум“.

Грижа за корисници

Службата за корисници на „Зум“ стои на располагање 24/7/365 преку е-пошта или чат, обуки по потреба или во живо и детално опремена база на знаење.

„Зум“ нуди основен план со сите функции бесплатно со неограничен број состаноци. Основниот план доаѓа со временско ограничување од 40 минути за состаноци со три или повеќе учесници.

Системски побарувања

Погледнете ги системските побарувања за „Зум митингс“:

Датум на започнување

Вашата едногодишна претплата започнува на денот на одобрување на Вашиот производ, не на датумот на поставување на сметката (account).

Ви препорачуваме да се претплатите на Zoom веднаш штом ќе ви биде одобрено барањето.

Цени со попуст

Понудава овозможува пристап до попуст од 50 проценти на едногодишна претплата за 10 домаќини според според тековните цени на „Зум“.. Откако ќе го поднесете барањето за оваа понуда и ќе ја платите административната такса на „Тексуп“, ќе платите и $999.50 на „Зум“ за претплатата на попуст.

Може да додадете и повеќе домаќини, вкупно 49, по цена од 99.95 долари за секој посебно.

Преку претплатата со попуст, секој лиценциран домаќин може да држи неограничен број онлајн состаноци во текот на една година. Еден состанок може да има најмногу 300 учесници.

Цени со попуст за дополнителните услуги

Понудава овозможува пристап до попуст од 50 проценти на додатоците според тековните цени на „Зум“. Дополнителните услуги може да се додадат во кое било време во текот на претплатената година. Годишните трошоци ќе бидат пропорционално распределени за нецелосните години. Сумите кои се плаќаат на „Зум“ се следниве.

  • „Зум видео вебинарс“ (годишен план):
    • 100 учесници: 200 долари по домаќин
    • 500 учесници: 700 долари по домаќин
    • 1,000 учесници: 1,700 долари по домаќин
    • 3,000 учесници: 4,950 долари по домаќин
    • 5,000 учесници: 12,450 долари по домаќин
    • 10,000 учесници: 32,450 долари по домаќин
  • „Зум румс“: (годишен план): 249.50 долари по соба
  • „Зум H.323/SIP конектор“ (годишен план): 249.50 по порта
  • Големи состаноци (годишен план):
    • 500 учесници: 300 долари по домаќин
Потребен е едногодишен договор за авансно плаќање за услугите Авансното плаќање директно на „Зум“ за едногодишен договор за неповратни средства е задолжително. Погледнете ги условите за користење на „Зум“.
Продолжување на услугите по една година

Вие мора да го побарате овој производ секоја година и да платите административна такса за да ја потврдите квалификуваноста за попуст од 50%. Доколку не ја потврдите квалификуваноста пред да истече претплатата или веќе не сте квалификувани, Zoom ќе ја смени вашата претплата и таа ќе се наплаќа во целост.

Zoom ќе ви испрати меил пред да истече вашата претплата. Кога ќе го примите овој меил, треба повторно да го побарате овој производ преку „Тексуп“ за да ја потврдите квалификуваноста. Потоа потребно е да ги следите упатствата во меилот од Zoom за да ја обновите претплатата.

Постоечките претплатници не се квалификувани Може да ја побарате оваа понуда само доколку веќе немате платена претплата на „Зум“.
Преглед на „Зум митингс“
Потребна е кредитна картичка Потребен е важечки број на кредитна картичка за да платите за услугите на попуст.