Asana Premium or Business, 1-Year Subscription, Access to Discounted Rates

Product-logo-asana-60px.png
SKU: G-51071
Административен трошок: €69.00
Donor PartnerMediaPlatform
Опис: 

Asana е онлајн софтвер за менаџмент на соработка кој им помага на тимовите да ја координираат и менаџираат нивната работа. Asana Premium е за тимови. Asana Business е за организации кои сакаат да ја надгледуваат, менаџираат и да ја стандардизираат работата во нивните тимови. Со било кој од овие планови, тимовите можат да соработуваат од било каде со веб и мобилните апликации на Asana.

Оваа понуда нуди пристап до попуст од 50 проценти за годишна претплата за Asana Premium или за Asana Business за еден тим. Откако ќе ја побарате оваа понуда преку TechSoup, ќе платите директно на Asana за претплатата. Треба да го побарате овој производ од TechSoup само еднаш годишно. Видете го јазичето за Детали и цена на услугата за повеќе информации.

Придобивки за организациите

Можете да ја користите Asana за да

  • Ги направите одговорностите и следните чекори јасни за сите
  • Да знаете како напредува работата без да треба да ја следите истата
  • Да зголемувате безбедно, осигурувајќи дека секој има пристап до вистинските информации и да контролирате кој до што има пристап
  • Креирате повторливи процеси за повторлива работа

Главни можности

  • Повеќекратни прегледи: Можете да имате увид во проектите во форма на листи, табли, календари или времеплови. Користете задачи со последни рокови, застапници и описи за да бидете сигурни дека сите вработени знаат кој што треба да направи и до кога.
  • Кориснички приспособени полиња: Со додавање на полиња на било кој проект, вие можете точно да го следите токму она што ви е најважно за проектот.
  • Шаблони: Можете да додавате нови проекти користејќи шаблони кои доаѓаат со внимателно избрани кориснички приспособени полиња за да ви помогнат да ги следите информациите кои ви требаат.
  • Напредно пребарување: Можете да ги прилагодите филтрите за пребарување и да креирате и меморирате прилагодени прегледи низ проектите, застапниците, последните рокови, и повеќе.
  • Подреденост: Можете да управувате со сложени работни текови со обележување на одредена задача како подредена на друга за да знаете кога може да се започне со работа.
  • Контрола на податоци: Можете да контролирате што ќе споделите со цел вистинските луѓе да имаат пристап до вистинските информации. Можете да направите само да може да се коментира на проектите за да избегнете несакани уредувања.

Погледнете споредба на карактеристиките за Premium и Business производите на страната за цени на Asana.

Поддршка

Корисниците на Asana Premium и Asana Business имаат пристап до ресурсите за интеграција и едукацијаи добиваат приоритет за поддршка кога контактираатподдршка за Asana.

Изберете внимателно

Административната такса за овој производ е неповратна и производот не може да биде заменет.

Добивање на овој производ

Кога TechSoup ќе го одобри вашето барање за донација, ќе ви испратиме порака на имејл адресата на вашата организација со инструкции за добивање и активирање на овој производ.

Детали и трошоци за услуги

Системски барања Веб прелистувач и Интернет поврзување
Цени на попуст Оваа понуда обезбедува пристап до попуст од 50 проценти за едногодишна претплата за Asana Premium или Asana Business за еден тим од од важечките цени на Asana. Откако ќе ја побарате оваа понуда и ќе ја платите административната такса на TechSoup, ќе платите директно на Asana за планот кој ќе го изберете.
Постои минимум од 2 корисници и максимум од 1 000 за било кој од двата планови. Подоцна можете да додадете корисници по потреба. Ќе продолжите да го добивате вашиот попуст за секој член кој ќе го додадете, сѐ додека не го достигнете максимумот од 1 000 членови.
Задолжителен договор за услуги Мора да се согласите за едногодишен договор за услуги со Asana.
Постоечки претплатници Ако веќе имате бесплатна пробна сметка или платена сметка со Asana, можете да ја надградите или да ја обновите вашата претплата преку оваа понуда. Можете да изберете да ги надградите сите членови во вашиот работен простор или организација, или само членовите на еден од вашите тимови.
Продолжување на услугата по една година Можете да ја обновите вашата претплата со барање на друг производ преку TechSoup секоја година пред да истече претплатата.
Преглед на Asana Asana нуди бесплатна проба на нејзината веб страница.
Потребна е кредитна картичка или PayPal сметка Потребна е кредитна картичка или PayPal сметка за да се изврши плаќање на намалените цени на веб страницата на Asana.