The DocuSign Donation Program

DocuSign LogoПрограмата за донација на DocuSign на techsoup обезбедува електронски потпис и софтвер за управување со трансакции за квалификувани невладини и добротворни организации, како и за јавни библиотеки насекаде во Соединетите Американски Држави.

Можете да го користите DocuSign за потпишување, испраќање и за управување со документи. DocuSign претставува замена за печатење, испраќање факс, скенирање, и експресна достава на документи со тоа што овозможува дигитализација на одобрувањата и на одлуките.

Квалификуваност и ограничувања

Доколку е квалификувана, вашата организација може да добие пет Standard Edition производи и пет Business Pro Edition производи по фискална година (1 јули до 30 јуни).

Посетете ја страницата за квалификуваност и ограничувања за да ја разгледате квалификуваноста на вашата организација за учество во оваа програма.

За пристапот до намалени цени

Кога името на даден производ вклучува "Пристап до намалени цени," понудата се состои од специјално намалени цени за производите или услугите. Ова значи дека откако ќе ја направите вашата нарачка и ќе ја платите административната такса за techsoup, истовремено ќе извршите директна уплата и кон донаторскиот партнер за производот или за услугата. Можете да ги најдете специјално намалените цени во описот на секој производ. Овие цени се достапни само за квалификувани непрофитни организации и библиотеки преку techsoup.

Линк за попуст за организации со буџет над 1 милион УСД

Ако годишниот буџет на вашата организација надминува 1 милион УСД, тогаш не сте квалификувани да добиете донација од DocuSign. Сепак, сѐ уште можете да добиете попуст од 30 проценти на годишните DocuSign планови. Одете на веб-страницата на DocuSign за да се регистрирате.