DocuSign Business Pro Edition, 1-Year Initial Subscription - Access to Discounted Rates

DS_Logo_Black_RGB _ Resized.png
SKU: G-49995
Административен трошок: €77.00
Donor Partner
Опис: 

DocuSign Business Pro Edition е веб сервис кој ви овозможува да прикачувате и да испраќате документи за електронски потпис. DocuSign испраќа линкови до потпишувачите, кои можат да го стават нивниот потпис од речиси секој уред со пристап до интернет. Потпишувачите не треба да имаат сметка на DocuSign за да потпишуваат документи. Вие и потпишувачите можете да ги видите, преземете и да ги испечатите комплетнираните документи во било кое време.

Оваа понуда обезбедува пристап до попуст од повеќе од 75 проценти за едногодишна претплата на DocuSign Business Pro Edition за еден корисник. Лиценцата му овозможува на корисникот да испрати до 100 документи годишно. Откако ќе ја побарате оваа понуда преку techsoup, директно ќе извршите уплата кон DocuSign во износ од 99 УСД за претплатата која ја добивате на попуст. Погледнете го јазичето за Детали и трошоци за услугата за повеќе информации.

Бенефити за организациите

Можете да го користите DocuSign Business Pro Edition за зголемување на флексибилноста на персоналот и управата со тоа што ќе овозможите потпишување на документи на оддалечени локации и во било кое време. Користете го за

  • Собирање на средства: апликации за грантови, обновување на членство, корпоративни договори за спонзорство
  • Човечки ресурси: дистрибуција и признавање на политики, нови ангажирања, промена на форми
  • Менаџирање на волонтери: апликации, одрекувања, регистрација на настани
  • Набавки: договори со продавачи, налози за набавки, опис на работните задачи
  • Правни работи: Договори за неоткривање на доверливи информации, лиценцирање, усогласeност
  • Финансии: интерни одобрувања, извештаи за трошоци, ревизија
  • Информатичка технологија: следење на средства, известување за инциденти, авторизација за одржување

Главни можности

  • Избор на извори и складирање: Можете да прикачите Word, PDF, и други типови на документи, или од вашиот компјутер или од страници за размена на датотеки, како што се Box, Dropbox, Google Drive, и OneDrive. Документите се зачувуваат во DocuSign облак, но можат да се преместат во вашите страници за размена на датотеки.
  • Шаблони: Можете да креирате шаблони за повеќекратна употреба кои ги зачувуваат означените полиња, патеката на работниот тек, и други поставувања.
  • Документи прикачени на веб-страници: DocuSign PowerForms ви овозможуваат да креирате документи кои можат да бидат потпишани и кои можете да ги прикачите на вашата веб страница или на сигурни портали, со цел да им овозможите на вашите потпишувачи лесно достапно услуга.
  • Испраќање на големо: Можете да го испратите истиот документ до голем број на примачи и да следите кој ќе одговори.
  • Коментари: Испраќачите и потпишувачите можат да постираат коментари, прашања и одговори во самите документи и да добиваат известувања во реално време за новите коментари и одговори. Коментарите се зачувуваат како дел од трансакцијата.
  • DocuSign плаќања: Можете да ја поврзете вашата сметка за пренос на средства со DocuSign за побарувања за наплата во моментот на потпишување. Моментално достапните сервиси за пренос на средства ги вклучуваат Stripe, Braintree/PayPal, и Authorize.Net.

Дознајте повеќе на веб-страницата на DocuSign.

Поддршка

Оваа претплата на DocuSign вклучува План за стандардна поддршка. DocuSign нуди бесплатни консултации за непрофитни организации преку DocuSign Impact Corps

Детали и трошоци за услугата

Системски барања Погледнете ги Системските барања за DocuSign.
Намлени цени Оваа понуда ви дава пристап до намалени цени за едногодишна претплата на DocuSign Business Pro Edition. Откако ќе ја побарате оваа понуда и ќе ја платите административната такса на techsoup, исто така ќе ја искористите кредитната картичка на вашата организација за да извршите уплата во износ од 99,84 УСД директно до DocuSign за претплатата која ја добивате на попуст.
Продолжување на услугата по истекот на една година Откако ќе заврши почетниот период од една година, DocuSign автоматски ќе ја обнови претплатата по иста цена, освен ако изберете да ја откажете истата.
Постоечки претплатници Постоечките потрошувачи на DocuSign можат да не побараат понуда techsoup за обновување на нивната претплата.
Претплатници на Standard Edition Доколку имате претплата на DocuSign Standard Edition која сте ја добиле преку techsoup, не можете да го побарате овој производ за да го надградите во Business Pro.
Преглед на DocuSign Почетната страница на DocuSign прикажува кратко демо видео.
Доколку сте учествувале во бесплатен пробен период за DocuSign, ќе треба да креирате нова сметка со различна имејл адреса за да ја добиете оваа претплата како донација. Сметките кои добиле бесплатен пробен период не можат да бидат конвертирани во сметки добиени преку оваа понуда.