Okta

Како Okta им помага на непрофитните организации

Започнете со 25 бесплатни лиценци

Управувајте со идентитетот на сите платформи: полесен начин за непрофитните организации драстично да ја подобрат безбедноста.

Okta им помага на непрофитните организации преку безбедно поврзување на вработените, партнерите, донаторите и волонтерите со технологијата што им е потребна за да ја завршат својата работа. Почнувајќи од основите, како што се еднократно најавување (SSO), па сѐ до понапредни решенија за управување со идентитет и пристап, Okta ѝ помага на секоја организација во употребата на која било технологија.

Okta им нуди на непрофитните организации 25 бесплатни лиценци за сите производи на Workforce Identity, како и големи попусти за дополнителните корисници и производите External Identity. Покрај тоа, непрофитните организации се подобни за 50% попуст за курсевите за јавна обука и бесплатна посета на Oktane, годишната конференција за потрошувачи на Okta.

Оваа понуда е достапна за нашата заедница директно преку Okta, а е исто така делумно овозможена преку TechSoup Validation Services. Прочитај повеќе за работата на TechSoup со водечките компании со цел да донесе понуди како што е оваа во непрофитниот сектор.

  • Еднократно најавување (SSO)
  • Адаптивна автентикација со повеќе фактори
  • Универзална папка
  • Управување со животен циклус
  • Управување со API пристап
  • Напреден пристап до сервер
 
 

Како работи Okta

Соединување на илјадници апликации преку еднократно најавување (SSO)

Еднократното најавување (SSO) на Okta обезбедува безбеден и лесен начин крајните корисници брзо да пристапат до сите нивни апликации без да треба да паметат повеќе лозинки. Со употребата на еднократното најавување, ИТ тимовите не губат време за ресетирање на лозинките.

 

Преместете го вашиот Active Directory System на облакот

Управувањето со вработените, волонтерите, донаторите, партнерите и членовите на одборот, може да биде тешко за ИТ тимовите. Со употреба на Universal Directory на Okta непрофитните организации имаат едно, централно место за управување со сите крајни корисници.

 

Автоматизирајте го вашиот животен циклус на корисник

Креирајте групни правила со цел вработените, волонтерите, донаторите и други да имаат брз пристап до апликациите што им се потребни. Исто така можете да го употребувале Okta Lifecycle Management за автоматски да ги лишите корисниците од чувствителни информации и така истите да ги заштитите.

 

Обезбедете ги вашите апликации преку автентикација со повеќе фактори (MFA)

Непрофитните организации често работат со многу чувствителни информации. Дваесет и четири проценти од нарушување на безбедноста се избегнуваат преку употреба на автентикација со повеќе фактори (MFA). . MFA на Okta додава уште едно ниво на безбедност за вашите апликации и информации.

 

Направете го пристапот од далечина за вработените посигурен

Вашите вработени може да работат во канцеларија или од друго место, но секако им е потребен лесен и постојан пристап до апликациите и податоците на компанијата. Okta им овозможува безбеден пристап до сите апликации од кој било уред со постојан кориснички интерфејс.

 

Безбедно создавајте портали и поврзувајте различни апликации

Продуктите API на Okta овозможуваат непречено и безбедно комуницирање со сите ваши надворешни партнери – членови, волонтери, донатори и други. Непрофитните организации ги употребуваат API производите на Okta за да создаваат портали што поврзуваат повеќе апликации со едно корисничко име и лозинка.

 

Купете Okta за вашата непрофитна организација. Првите 25 лиценци се бесплатни.

Започни