Важни промени во програмата за донации на Мајкрософт

Мајкрософт планира промени во програмата на Мајкрософт на TechSoup Северна Македонија почнувајќи од 4 април 2022 година. Некои од овие промени ќе влијаат на тековната програма за донации на софтвер на Мајкрософт од TechSoup Северна Македонија и сметаме дека треба да ги разгледате внимателно додека ги правите плановите за вашата непрофитна организација или библиотека.

Вашето внимание го насочуваме кон неодамнешниот блог пост од групата „Технологија за социјално влијание“ на Мајкрософт, во кој се наведени клучните области со дефиниран фокус и промени во нивните понуди за непрофитни организации со цел тие да се фокусираат на стратегијата „Microsoft Cloud-first“. Промените планирани за 4 април 2022 година, се поттикнати од целта на Мајкрософт за подобро усогласување на нивните филантропски понуди со сеопфатните способности и безбедност што Microsoft Cloud може да ги обезбеди за непрофитни организации. Партнерството на TechSoup со Мајкрософт им овозможи на повеќе од 394 илјади организации на глобално ниво да пристапат до технолошки решенија од светска класа, како во нивните канцеларии, така и на „облак“, за подобро да ги постигнат своите мисии. Тие ќе продолжат да даваат приоритет на поддршката на потребите на непрофитните организации, за тие да можат да пристапат и да ги користат алатките што им се потребни.

Ние ги сумиравме промените што ќе влијаат на долгогодишната програма на TechSoup за донирање софтвер на Мајкрософт. Свесни сме дека планираните промени може да влијаат  врз вашиот ИТ буџет, како и врз вашето искуство со TechSoup. Тука сме да одговориме на вашите прашања и да ви помогнеме да ги разберете опциите и ресурсите што ќе ви помогнат да изберете нови или да ги обновите старите плановите. Ве молиме слободно поставувајте ги вашите прашања на овој линк.

 

Како ќе се смени моменталната Мајкрософт понуда на TechSoup Северна Македонија?

·         Понуди за производи кои се инсталираат на уреди (on-premises): со неколку исклучоци наведени подолу, производите кои се инсталираат на уреди од 4 април 2022 година повеќе нема да бидат достапни како донација за непрофитни организации. Софтверите кои се инсталираат на уреди се самостојни лиценци што корисниците ја инсталираат на одредени компјутери и може да се користат дури и без интернет конекција (т.е. Office Standard). Овие производи сѐ уште ќе бидат достапни преку TechSoup Северна Македонија, но само по добротворни цени со попуст. Овие цени обично се движат со попуст од 60-75% на комерцијалните цени. Ова резултира со зголемување на цената за околу 3-5 пати од сегашните цени на програмата за донации. Исклучоци се следниве:

 

o   По 4 април 2022 година, непрофитните организации ќе имаат пристап само до лиценца за инсталирање на уред на Windows 11 Pro како донација. Во оние земји каде Azure е недостапен, Windows Server и SQL Server исто така ќе бидат достапни како донација. (Тековната достапност на Azure може да се најде на овој линк).

o   Донациите за производи кои се инсталираат на уреди ќе бидат достапни за оние организации кои бараат софтвер за уреди со заеднички пристап. Ние сфаќаме дека на многу организации сѐ уште им е потребен пристап базиран на уреди и со задоволство соработуваме со Мајкрософт за да им ја понудиме оваа нова програма на непрофитните организации на кои им служиме. Организациите, како што се компјутерските лаборатории, центрите за обука или обезбедување компјутери со јавен пристап, ќе можат да пристапат до специфични понуди за донации за поддршка на овие нивни активности.

 

·         Организациите ќе продолжат да имаат пристап до понудите за донaции од Microsoft Cloud (на „облак“) преку TechSoup Северна Македонија.* Некои понуди за донации вклучуваат и апликации за преземање што се наоѓаат во склоп на понудите за канцеларии. Донациите достапни преку TechSoup Северна Македонија се следните:

 

o   Microsoft 365 Business Premium ќе продолжи да биде бесплатен за најмногу 10 корисници и вклучува е-пошта, апликации за десктоп што може да се преземат (т.е. Office 365 on-premises), складирање и споделување датотеки во „облак“, веб-конференции со IM, аудио и HD видео и едноставно управување со уреди и напредни безбедносни карактеристики.

o   Microsoft 365 Business Basic лиценците ќе продолжат да бидат бесплатни за најмногу 300 корисници и вклучуваат е-пошта, складирање и споделување датотеки во „облак“, веб -конференции со IM, аудио и HD видео и други услуги.

o   Плaнот “Power Apps Per-App” за креирање работни теков без кодови и со ниски кодови се достапни бесплатно за најмногу 10 места.

o   Организациите, исто така, можат да ги искористат услугите на Azure со вкупна вредност од 3.500 американски долари годишно директно од Мајкрософт.

*Забелешка: Мајкрософт ги перципира донираните понуди како доделени понуди. Критериумите за достапонст и органичувањата може да се најдат на овој линк.

 

Како може TechSoup Северна Македонија да ви помогне?

·         Закажете термин за да разговарате со нас за вашата Стратегија за „облак“. Тука сме да ви помогнеме. Резервирајте термин кај нас и ние можеме да ви помогнеме, да одговориме на вашите прашања и да ви дадеме препораки.

·         Сега е време да размислите за вашето хибридно решение. Ние сфќаме дека овие промени може да влијаат на вашиот буџет и планирање и сакаме да ве поддржиме во донесувањето на вистинските одлуки за вашите ИТ потреби. Доколку ви се потребни повеќе лиценци за канцелариите, размислете и за додавање на донација на „облак“ за да се осигурате дека вашиот тим може да започне со зачувување документи во „облакот“ и да се запознае со користењето на алатката за соработка Teams. Исто така, имаме стотици други понуди и решенија за производи за да се осигураме дека вашата организација може да биде дигитално поткована. Тука сме да ви помогнеме.

·         Зајакнете ги вештините на вашиот тим.Центарот за дигитални вештини Мајкрософт TechSoup, дел од нашите TechSoup понуди за курсеви, веќе поддржа над 40 илјади непрофитни ученици низ целиот свет со пристап до обука и вештини за да помогнат во усвојување нови решенија и максимизирање на вредноста на постојните решенија што вие ги имате.

·         Направете залиха од донираните лиценци. Донираните лиценци се достапни до 4 април 2022 година, така што имате многу време да ги надополните лиценците за употреба додека не го исцрпите максималниот број за еден циклус, кој обично трае две години.

Без разлика до каде е вашето технолошко планирање, ние сме тука да ве поддржиме.