TechSoup Courses

Тексуп курсеви

 

Онлајн обуки и предавања за непрофитни организации и библиотеки

Содржината на Тексуп курсевите е специјално дизајнирана за вработените во непрофитните организации. Ние работиме со експерти на теми, кои исто така имаат големо искуство со непрофитни организации.

Целосен каталог за сите курсеви

Некои од нашите најпопуларни курсеви

Погледнете го целосниот каталог на курсеви

Ги креираме нашите курсеви специјално за непрофитните организации

Нашите курсеви се креирани од страна на сопствениот тим за наставни дизајни во Тексуп во партнерство со експерти кои разбираат како непрофитните организации ги користат овие вештини. Ние користиме современи наставни методологии за возрасни кои вклучуваат специфични примери и вежби за непрофитни организации.

**Забелешка: Поголемиот дел од курсевите моментално се достапни само на англиски јазик.

Ви го претставуваме Центарот за дигитални вештини на Мајкрософт за непрофитни организации

Тексуп соработува со Мајкрософт да донесе збир на моќни курсеви кои ги комбинираат одличната содржина за градење вештини од експерти на Мајкрософт и големото разбирање на Тексуп за тоа како непрофитните организации користат технологија. Овие курсеви се дизајнирани да им помогнат на вработените во непрофитните организации да преминат на облакот, а повеќето курсеви се достапни БЕСПЛАТНО.

Посетете го целосниот каталог за Центарот на дигитални вештини на Мајкрософт

Нивоа на курсеви

Тексуп нуди 3 нивоа на курсеви:

Ниво 100 Основни воведи за учениците кои имаат малку или немаат знаење на темата.
Ниво 200 Понапредна содржина што им помага на учениците да го применуваат знаењето.
Ниво 300 Најнапредни содржини што можат да вклучуваат курсеви со комбинирано учење кои ги соединуваат содржините на барање со неделните онлајн настани во реално време. Ќе бидат достапни до крајот на 2020 година.